Објавено на:

Си-Ен-Ен: Трамп разгледува опции за напади насочени кон картели во Венецуела; Мадуро – Венецуела е подготвена за „вооружена борба“ доколку САД ја нападнат

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.

„Моментално сме во политичка фаза“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија.

„Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, додаде претседателот на таа држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…