Шпанија планира целосно ембарго за оружје врз Израел – Ќе ги прогласи Нетанјаху и министрите за непожелни личности?
Шпанија планира да одобри целосно и непосредно ембарго за оружје врз Израел во вторник, а може дури и да ги прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и другите министри за персона нон грата, објави „Ел Паис“.
Шпанскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека владата во Мадрид работи на воведување сеопфатна забрана за сите директни и индиректни договори за оружје или воена технологија со која било израелска јавна или приватна компанија, објави „Тајмс оф Израел“.
Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез откажа неколку големи договори со израелски компании во последните месеци. Во извештајот, „Ел Паис“ вели дека намерата е поопфатното ембарго да стапи на сила веќе оваа недела, како дел од кралски декрет. Шпанија долго време е критичар на израелските политики кон Палестинците во Газа и на Западниот Брег, а зборувајќи во шпанскиот парламент минатиот месец, Санчез го нарече Израел „геноцидна држава“.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, минатиот месец им изјави на новинарите дека Шпанија ќе побара „итна суспензија“ на договорот за соработка на Европската Унија со Израел и ќе ги повика партнерите да воведат ембарго за оружје врз Израел. Шпанија веќе го налути Ерусалим со признавањето на палестинската државност во мај 2024 година, придружувајќи им се на Ирска и Норвешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…
Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…