Сигнален пиштол и муниција пронајдени кај бугарски државјанин при контрола на ГП Ново Село
На 06.09.2025 околу 15:10 часот на Граничен премин Ново Село, кон Р.Бугарија, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Б.В.Г. (19) од Р. Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, Б.В.Г. рекол дека нема ништо, но при преглед на возилото „фолксваген голф“, со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал, под возачкото седиште се пронајдени сигнален пиштол, една кутија од пиштол, три кутии со муниција за гасен пиштол, два ножа и други предмети. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…
Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…
Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…
Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…
(Видео) По рекордната суша во Шпанија, се…
Селото Ацередо во северозападна Шпанија „испливало“ по…
Македонско село е четвртден отсечено од цивилизација:…
Жителите на планинското село Герман во Ранковце…