Осуммина пациенти кои вдишале чад во пожарот во Виница се на Токсикологија во Скопје
На болничко лекување во моментов во кочанската Општа болница се наоѓаат четворица повредени во пожарот во фабриката „Макпрогрес” („Винчини“) кој изби синоќа во Виница, информира за МИА в.д. директорката Катерина Паниќ Мирчовска.
-Четворицата се со полесни изгореници на долните екстремитети. Пожарникари се и нивната состојба е стабилна, рече таа.
Според Паниќ – Мирчовска врз повредени во пожарот во фабриката за кондиторски производи кои беа донесени во болницата, извршени се дополнителни дваесет интервенции, по што сите се пуштени дома.
-Најзагрозените веднаш се препратени на Клиниката за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Се работи за осум лица, нагласи в.д. директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.
Ниту еден од повредените во синоќашниот пожар во фабриката “Макпрогрес” кој бил примен во Болницата во Кочани не се наѓа во животно-загрозувачка состојба.
Претходно, утрово од Кочанската болница за МИА изјавија дека вкупно 18 лица биле примени синоќа во болницата со повреди здобиени во пожарот во фабриката за кондиторски производи во Виница, од кои дел се задржани во Кочани, дел се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба.
Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли Макпрогрес во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осуммина пациенти кои вдишале чад во пожарот…
На болничко лекување во моментов во кочанската…
(Фото+видео) Како изгледа изгорената фабрика во Виница…
Вчера во фабриката Макпрогрес избувна пожар во…
Вкупно 18 повредени и голема материјална штета…
Вкупно 18 лица се повредени во пожарпот…
Нема активни пожари на отворен простор, 13…
До 21:00 часот на територија на цела…
Пожарот над селото Луке – Крушопек е…
По интервенцијата на надлежните институции, пожарот кој…