СДСМ бара одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници
Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните манипулации и уверувања дека на 1 септември секое дете ќе добие учебници, конечно ја призна вистината – учебници за сите ученици НЕМА. Со ова, министерката директно си ги потврди лагите и манипулациите со јавноста, реагираат од СДСМ.
– Прво тврдеше дека „сè е подготвено, сè е под контрола, учебници на 1 септември ќе има за сите ученици“, потоа обвини дека СДСМ лаже, за да на крај под притисок на јавноста и на фактите, ретерираше и го призна она што СДСМ го тврдеше – дека учебници за сите нема.
Со тоа уште еднаш се потврдува она што СДСМ континуирано го кажува: владата и министерката не работат, туку манипулираат и претставуваат лажна слика пред јавноста.
Наместо вистински да работи за подобри услови во образованието, министерката Јаневска спроведува постојана изборна кампања – шета по училишта, по печатници и држи говори дека се е решено, додека реалноста е сосема спротивна:
Децата на почетокот на учебната година немаат сите учебници,
Наставниците работат во сè потешки услови.
Ако министерката Јаневска манипулира со јавноста, лаже и ако не е способна да го води ресорот, а јасно е дека не е – најдобро е да си поднесе оставка.
Учебната година започна, а учебници нема – иако власта потроши 11 милиони евра.
Учениците од осмо одделение немаат учебници по математика, историја, хемија, физика и странски јазици.
Во стручните училишта цели генерации останаа без учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.
Учебници има само за најмалите – од прво до трето одделение. За четврто и петто одделение состојбата е вистинска катастрофа.
И тие малку што ги има се нецелосни и испарталени. Родителите се принудени да печатат материјали од Вибер-групи, додека децата буквално немаат од што да учат.
Ова е доказ за целосната неспособност на власта. Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски ги изневерија учениците, родителите и наставниците. Наместо нови учебници – добивме признание дека учебници нема, иако парите се потрошени.
Учениците и наставниците не смеат да бидат жртви на неспособност. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара одговорност од Јаневска затоа што…
Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните…
Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да…
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се…
СДСМ бара зголемување на 160 денари за…
„Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување…
Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе…
„Македонија е заглавена. Државата тапка во место,…
Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%,…
Со инфлација од 4,8% повисока од растот…