Скопјанец под истрага – во неговиот дом пронајдени амфетамин, кокаин и МДМА
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 од Кривичниот законик.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата “Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи наркотична дрога – кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец под истрага – во неговиот дом…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Итно ќе се обноват изгорените погони на…
Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски…
Екс директорот на АНБ ги потврди сомнежите:…
Виктор Димовски,поранешниот директор на Агенцијата за национална…
Тошковски: Сакав да дадам оставка поради Пулс,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Жељазков и Шекеринска: Бугарија има активната улога…
Бугарија има активната улога во европската и…