(Фото) Еве како изгледа Тетово со Касами

t

Количка за пазарување во маркети се најде во водите на река Пена – еден приказ на огромната еколошка несовесност која владее во Тетово па затоа градот и понатаму го има имиџот на многу нечиста урбана средина со насекаде фрлени отпадоци.

Се поставија и контејнери за селектирано оставање на смет, но и тоа не се почитува. Иако на нив има нацртано дека треба на пример да се фрла само хартија, овој контејнер е полн со секаков отпад.

Страадат и специјализираните канти за оставање на електричен отпад, каде исто така се фрла се и сешто.

Граѓаните велат дека несовесноста но и лошото општинско менаџирање со проблемот се двете работи кои треба да се сменат кон подобро.

-Има и несовесни граѓани кои што фрлаат ѓубре. Меѓутоа, ако е празен контејнерот они нема да го фрлат надвор, нели? Треба редовно да се празнат, да се чистат улиците. Така да пак сепак останува на општината и на локалната самоуправа.

-Нема никаков ред, нема закон. Да има закон, да го казниш, да видиш погрешно работи толку подруго ќе биде. Се ова ќе со тера како што терало.

-Па и граѓаните и општината. И едните и другите. Стварно срамота, до душа малку сега почнаа општината да средуваат, ама и граѓаните треба да водат рачун. И едните и другите, подеднакво. Не можам да окривим, пошто почна и општината да, собираат, да чистат, ама не уште она што треба да биде.

Градоначалникот се жали дека не можат комуналните работници да постигнат и да соберат се она што се фрла насекаде. Признава дека тешко и оди на општината да најде решение за справување со несовесното однесување.

-Што се однесува до казнување на несовесните граѓан таму ние веќе почнавме со процедура за инсталирање на камери по јавни површини, каде што имаме контејнери, но за жал имаше жалба од граѓани и од институции и ние бевме принудени да ги повлечеме. Сега сме во фаза на регулирање на законската база за да можеме да ги вратиме тие камери пак назад, изјави Касами.

Освен што не се бира место каде се фрлаат отпадоци на улиците и јавните површни, на периферените делови од градот и понатаму се формираат и мини-депонии бидејќи се остава оштетена покуќнина како и градежен шут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Еве како изгледа Тетово со Касами

Количка за пазарување во маркети се најде…

Русија ја погоди владината зграда во Киев,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди рускиот…

Тошковски не се сомнева дека во моментот…

Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски,…

Обвинителство не може да почне со увид…

Од вчерашниот пожар во „Макпрогрес“ По големиот…

(Фото) Митовски открива скандал на настан со…

Го згазнале, дошол градоначалникот. Му се дерат…