Уште е во Охрид: Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид доби подарок пес Караман кој се очекува наскоро да биде признаен за автохтона македонска раса.

,,Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.

Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која открива дека на средбата и било подарено куче Караман, ,,симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух”.

Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, пишува претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште е во Охрид: Претседателката Сиљановска Давкова…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид…

Тешка сообраќајна незгода: Пет лица повредени, најтешко…

Во сериозна сообраќајна несреќа што се случи…

Елмас: Сонувавме за оваа победа, сакаме Европско…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва заокружи убедлива победа…

Сообраќајка на патот Штип-Плачковица, сообраќајот е во…

Од 20:00 часот вечерва сообраќајот на регионалниот…

Започнаа собирите на СНС „Граѓани против блокади“…

Денеска започнаа собирите „Граѓани против блокади“ на…