Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
Украина на крајот ќе биде поделена меѓу Русија и Западот како последица од тековниот конфликт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесувa News.Az повикувајќи се на ТАСС.
– Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, и ова е реалност која сега сите ја признаваат, изјави Орбан на настан организиран од владејачката партија Фидес – Унгарски граѓански сојуз, а неговите зборови ги пренесе унгарскиот новинар Чаба Тот. Според Орбан, можно е поделба на Украина на руска, западна и демилитаризирана зона.
Тој оцени дека е неопходен безбедносен договор меѓу Европската Унија и Русија. При тоа нагласи дека распадот на Украина не е во интерес ниту на Унгарија ниту на ЕУ, но оти членството на земјата во Унијата не е добро решение за наталожените проблеми. Наместо тоа, според него, доволно би било воспоставување стратешко партнерство меѓу ЕУ и Украина.
Во говорот, Орбан повика и на реорганизација на Европската Унија за да се спречи нејзин колапс. – Меѓу 2008 и 2025 година обединета Европа изгуби седум проценти од својот удел на светскиот пазар, додека САД добија четири проценти. Ова може да биде неславен крај на благородниот европски проект, додаде тој.
Во друга негова изјава, пренесена од унгарски Индекс, Орбан нагласи дека не се смета за антиукраински политичар. – Ние не сакаме да ја туркаме Украина никаде, не сме антиукраинци. Сакаме иднина за Украина, затоа што колапсот на соседна држава не е во наш интерес, рече Орбан, додавајќи дека продолжувањето на војната е „губитничка стратегија“.
Според него, Русија сака да го сопре ширењето на Западот, Украина настојува да ја задржи финансиската помош и да избегне економски колапс, Европската Унија преку поддршка на војната се обидува да ја зацврсти својата позиција како голема сила, додека САД настојуваат да постигнат договори и економски да ја потчинат ЕУ.
– Во војната ЕУ се однесува како ‘куца патка’ (lame duck) и треба да преговара за безбедносни мерки со Русија, а не со САД, истакна унгарскиот премиер.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека Киев ги исполнува сите препораки на ЕУ и не гледа основа за забелешки од Унгарија. Тој се изјасни дека е подготвен за дијалог и средба со Орбан за да се разгледаат сите отворени прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори
Поранешниот претседател и носител на листата на…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…