Објавено на:

Трамп: „Подготвен сум да ја казнам Русија“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да премине на „втора фаза“ санкции кон Русија, што може да значи засилен притисок врз Москва или врз купувачите на нејзината нафта.

Иако претходно повеќепати најавуваше дополнителни мерки, Трамп досега ги одложуваше со цел да продолжат разговорите. Овој пат тој потврди пред новинарите во Белата куќа дека е „подготвен“ за нов пакет санкции, иако не прецизираше што точно би опфатиле.

Фрустрациите на американскиот претседател растат поради тоа што неговите напори да се стави крај на војната во Украина досега не донесоа резултат, иако на почетокот на мандатот уверуваше дека конфликтот може брзо да заврши.

Во меѓувреме, Русија изврши најмасовен воздушен напад од почетокот на војната, гаѓајќи повеќе украински градови, меѓу кои и Киев, каде беше погодена зградата на Владата. Украинските власти соопштија дека загинале најмалку четири лица, меѓу кои и бебе, а голем број станбени згради биле оштетени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „намерен злостор“ и повторно апелираше до сојузниците да ја засилат противвоздушната одбрана на земјата.

Сцените од Киев со чад и уништени домови ја нагласуваат сè поголемата загриженост дека војната нема да заврши во блиска иднина, додека рускиот претседател Владимир Путин добива дополнителна поддршка преку зајакнувањето на односите со Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: „Подготвен сум да ја казнам Русија“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Нови протести на студентите во блокада закажани…

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград…

Трамп најави средби со европски лидери за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска…

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија…

Украина на крајот ќе биде поделена меѓу…

ССМ: 8 Септември е остварување и континуитет…

*Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати…