Ванковска: Народот избра држава, не европска религија

t

На ден кога државата формално ја слави својата независност, професорката Билјана Ванковска потсетува на парадоксот: наместо за вистинската самостојност, политичките елити зборуваат за „борба за Европската унија“. Во својата реакција по повод честитката на претседателката, таа вели:

„Ја прочитав честитката на Претседателката… Се замислив. На Денот на независноста таа зборува за некаква наша борба за Европска унија!!! Па можеше барем денес да се воздржи од европската религија.

Но, има тука една необична поврзаност: ЕУ е вазал на САД, ние сме вазал и на едните и на другите. Ама славиме божем независност!

Патем во 1991 година битката беше за независност, за оддалечување од војна која не беше наша (и која не требаше да се случи). Ние не гласавме за ЕУ ни во 1991 ниту пак на 30.09.2018. Кажавме ДА за самостојност од веќе покојната Југославија , а кажавме НЕ за трампањето на името за ЕУ. Тоа професорката го знаеше; претседателката не смее да го изусти.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…

Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…

Септемвриската пензија ќе биде зголемена само за…

Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе…