Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка

t

Европската унија годинава ќе ја обезбеди досега најголемата поддршка за Украина во износ од 25 милијарди евра, изјави денеска шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, пред Европскиот парламент.

„Меѓународните напори за завршување на војната во Украина се зголемуваат во последните месеци, но одговорот на Русија е сè уште агресија. Путин не покажа интерес за постигнување мир и нема да ја запре војната сè додека не биде принуден“, рече Калас на првата седница од новата парламентарна сезона.

Таа истакна дека од почетокот на целосната инвазија врз Украина во 2022 година ЕУ досега обезбедила речиси 169 милијарди евра финансиска поддршка.

„Ова вклучува над 63 милијарди евра воена помош. Само оваа година, ЕУ ќе обезбеди најголема поддршка досега – 25 милијарди евра“, истакна Калас.

„Целта за обезбедување два милиона парчиња муниција годишно е исполнета со 80 проценти, а очекуваме до октомври да биде исполнета стоотстотно. Сето ова го правиме за да може Украина да се одбрани себеси и своите граѓани од агресија“, рече Калас

Таа, исто така, потсети дека ЕУ досега воведе 18 пакети санкции врз Русија поради нејзината агресија врз Украина, а во подготовка е и 19-от пакет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на…

Европската унија годинава ќе ја обезбеди досега…

Кремљ: Европа и Украина се обидуваат да…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека…

Сијарто: Украинската власт е одгворна за влошувањето…

Односите меѓу Унгарија и Украина постојано се…

Кадиров: Трамп нема решение што би ѝ…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров верува дека американскиот…

Моментално на територијата на Украина има околу…

Според податоците на Главната дирекција за разузнавање…