Мојсоска: Арбен Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот не го дозволува тоа
Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.
„Арбен Фетаи со ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот за класифицирани информации не дозволува безбедносен сертификат од највисоко ниво за лица со двојно државјанство!
Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) НЕМАМ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите.
ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ под контрола на СДС не дава безбедносен сертификат на пратеникот Ковачки. Сега АНБ со директор од вмровскиот факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција.
Ако не, да аплицирам и јас за двојно државјанство, па можда така ќе исполнам услов за вмровскиве директори?!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…
САД нудат 10 милиони долари за информации…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 10…
„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…
Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…
Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…
Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…