Армијата на Непал воведе полициски час во земјата – Претседателот ги повика демонстрантите на разговор
Според Директоратот за односи со јавноста и информации на Армијата, полицискиот час ќе остане на сила низ целата земја до среда во 17 часот. Портпаролот на армијата, бригаден генерал Раџарам Баснет, изјави дека полицискиот час ќе биде повторно воведен во четврток (11 септември) од 6 до 18 часот. – пренесува порталот Непал њуз.
Тој ги повика граѓаните да останат во затворен простор за време на полицискиот час, освен за основни потреби.
„Армијата ќе го третира секој протест, вандализам, грабеж, палење или напади врз поединци и имот во име на движењето како казниво кривично дело и ќе преземе строги мерки“, се вели во официјалното известување на Генералштабот на Армијата.
Претседателот на Непал, Рам Чандра Паудел, вчера ги повика сите страни, вклучително и граѓаните што протестираат, да бараат мирно решение преку дијалог за актуелното движење на генерацијата „Z“.
Апелот дојде во екот на насилните демонстрации во кои најмалку 21 лице беше убиено, а стотици беа повредени кога безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите пред парламентот на Непал.
Демонстрантите подоцна упаднаа во клучните владини институции, вклучително и Канцеларијата на претседателот, додека сопругата на поранешниот непалски премиер Џала Нат Канала почина откако жива изгоре кога нејзината куќа беше запалена.
Регионалните медиуми објавија дека тројца полицајци биле линчувани и покрај тоа што го положиле оружјето откако биле нападнати од демонстрантите.
Непалската армија претходно јавно апелираше до граѓаните, особено до младите, да покажат воздржаност и да го зачуваат историското и културното наследство на нацијата во овој период на немири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Армијата на Непал воведе полициски час во…
Според Директоратот за односи со јавноста и…
Продолжува хаосот во Непал: Гори зградата на…
Неколку локации во главниот град на Непал,…
Протест на „Генерација Z“ во Непал –…
Десетици илјади демонстранти денес излегоа на улиците…
Вучиќ ги нарече „олоши“ европратениците кои беа…
Откако српската полиција синоќа упадна во Ректоратот…
Инциденти во Ваљево: Нападнати просториите на СНС,…
Во Ваљево, млади луѓе со скриен идентитет…