Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата – Ја злоупотребува функцијата
По неодамнешното откритие за скандалозната злоупотреба на функцијата министер за правда за напредување во академската кариера на Игор Филков, следи уште едно, овојпат на министерот за внатрешни, Панче Тошковски.

Тема на трудот на е: „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај (Criminological and Comparative Law Aspects for Improvement of the Security in Public Transport)“ од кандидатот Панче Тошковски, студент на втор циклус студии – казнено право. За менторка се предлага проф. д-р Гордана Лажетиќ, пренесе Цивил.
Скриншот од записникот од седницата на Наставно-научниот совет одржана на година 04.06.2025
Овој случај води кон прашањата поврзани со границите меѓу академската работа и политичките функции. Темата на трудот на Тошковски се совпаѓа со ресорот што го води како министер. Тоа ја доведува академската независност под сериозен и оправдан сомнеж дека се работи за судир на интереси.
Всушност, првиот полицаец оди по стапките на првиот човек на правдата во земјата, односно заедно чекорат по истиот пат, за што неодамна пишуваше 360 степени.
На истата седница на Научно-наставниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се решава и за академскиот труд на министерот за правда Игор Филков кој треба да ја одбрани својата магистерска работа на темата „Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда“. Таа тема е директно поврзана со неговата работа како висок функционер – министер во Владата на Мицкоски.

Скриншот од записникот од седницата на Наставно-научниот совет одржана на година 04.06.2025
Се поставува прашањето – што прават двајца министрите во клучни ресори во владата, работат или ја градат својата академска кариера врз основа на функциите и ресорите што ги држат.
…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…