Д-р Ѓуроска: Чадењето од депонии може да предизвика предвремено породување и спонтани абротуси
Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, вчера сподели стручни податоци за последиците од хронична изложеност на чад од депонии за категоријата деца, а денеска се огласи за ризикот кој го има чадот врз трудниците.
Скопје со денови се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии, а како влијае продолжената изложеност на чад од депонии кај трудниците и фетусот појаснува докторката Ѓуроска.
Трудниците се уште поосетливи, бидејќи загадувањето влијае директно врз нив и индиректно врз плодот, алармира таа.
1. Пренос преку плацентата:
– Фини честички (PM2.5) и токсични материи можат да навлезат во крвотокот и да стигнат до плацентата.
– Се документирани случаи на микроскопски честички пронајдени во плацентата.
2. Ризици за бременоста:
– Предвремено породување.
– Ниска родилна тежина.
– Интраутерин заостанат раст.
– Зголемен ризик од спонтани абортуси.
3. Мајчино здравје:
– Поголема веројатност за развој на гестациска хипертензија и прееклампсија, поради воспаление и оштетување на васкуларниот ендотел.
– Зголемено оптоварување на срцето и белите дробови – особено кај жени со постоечки хронични болести (астма, хипертензија).
4. Долгорочни ефекти врз детето:
Децата изложени во пренатален период имаат поголем ризик од астма, алергии, нарушен когнитивен развој и метаболички болести подоцна во животот.
Дополнителна информација дека чадот не е само лош мирис кој го детектираат нашите сетила:
Кога депонијата е запалена, покрај класичните гасови (метан, CO₂, H₂S), се создаваат и високо токсични соединенија:
Диоксини и фурани – познати канцерогени, влијаат на ендокрин систем и развој на фетусот.
Полициклични ароматични јаглеводороди – канцерогени и мутагени, особено опасни за клетките во развој.
Јаглерод моноксид (CO) – го намалува снабдувањето со кислород, што кај трудници води до фетална хипоксија и оштетувања на мозокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски…
Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните…
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…