Хуманитарецот и бизнисмен Сенад Рамовиќ се откажа од трката за градоначалник на Долнени, поддршката ја даде на Мирсад Колашинац
Хуманитарецот и бизнисмен Сенад Рамовиќ се откажа од трката за градоначалник на Долнени, поддршката ја даде на Мирсад Колашинац.
Во продолжение неговото соопштение:
Почитувани пријатели,другари и другарки. Сите вие кој добро ме познавате знаете дека јас по природа не сум личност која се повлекува во било кој сегмент, не ги оставам недовршени работите и одам до крај и тогаш кога работата изгледа дека е невозможна и нема назад, меѓутоа со годините доаѓа и мудроста каде се повеќе треба да се користи и да се носат мудри одлуки и потези па по мене таков е и овој.
Донесов одлука да се повлечам од трката за кандидат за градоначалник на О. Долнени Одлуката е донесена со чиста намера без ниеден притисок, во мене била и ќе остане она социјалдемократска матрица во која е испишана целата идеологија на левичарското делување во склоп на СДСМ Мојата подршка едногласно му ја давам на преседстелот на О.О Мирсад Колашинац и мислам дека тој е единствениот кој може СДСМ Долени во овој момент да го врати на победоносните патеки, се друго ќе биде излишно и едно големо задоволство на одредени партиски ЛОКАЛ НЕмоќници кој уште пред време имат план како да се испазарат за свој личен бенифит, најдобар пример се последните локални избори 2021 кога истите тие кој денес прават пазар на илјадници социјалдемократи од Долени иако беа рамо до рамо со тогашниот кандидат Аднан Џаферовски работеа против,и овој пат истиот наратив и истиот пазар ама за ова во друга прилика.
Воедно сакам да му се заблагодарам на преседстелот Венко Филипче, на сите органи на партијата која ми овозможи да влезам во оваа трка.Слободарскиот дух, Социјалдемокрстскиот дух е врежан во сите нас Ветувам и знам и со сите мои ресурси јавно ќе се ставам на кандидатот Мирсад Колашинац ова е моја конечна одлука Да ние жива СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија да ни е жива Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…