Објавено на:

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк, награда од 100.000 долари

t

ФБИ објави две фотографии од маж кого го означи како „лице од интерес“ во истрагата за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше застрелан од снајперист во среда на Универзитетот Јута Вали за време на јавен говор.

На фотографиите се гледа слаб маж кој носи фармерки, црна маица со долги ракави со американско знаме на неа, црни очила за сонце и капа.

ФБИ понуди награда до 100.000 долари за информации што ќе доведат до идентификација и апсење на сторителот, објави Фокс њуз.

Во соопштението се наведува дека околу 11:52 часот убиецот стигнал до покривот на зградата преку внатрешното скалиште и пукал со пушка „снајпер“ со висок калибар, по што избегал во блиската населба.
Чарли Кирк (31), основач на организацијата „Turning Point USA“ и татко на две деца, починал од повредите.

Инцидентот предизвика паника кај 3.000 луѓе кои присуствуваа на настанот, иако првично беше објавено дека имало 1.400 учесници.

Веста за смртта на Кирк прв ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази сочувство до семејството на социјалната мрежа „Truth Social“ и ја пофали посветеноста на Кирк на младите луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството…

ФБИ објави две фотографии од маж кого…

ФБИ го пронајде оружјето со кое е…

ФБИ одржа прес-конференција за убиството на американскиот…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

ФБИ отвора нови истраги: Протекување од Врховниот…

ФБИ ќе започне нови истраги за две…

Новиот шеф на ФБИ Пател до вработените:…

Новиот директор на ФБИ, Кеш Пател, им…