Повик од семејствата на загинатите: На 16 септември да запалиме свеќа, да останеме обединети во болката

t

На 16 септември, на денот кога се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани, се организира оддавање на почит на загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс.

На социјалните мрежи здружението на граѓани „16 Март“ објави:

– 62 ангели – вечна светлина во нашите срца

Тие не заминаа… тие засекогаш живеат во секоја мисла, во секоја солза, во секое чукање на срцето. Нашите 62 ангели ќе бидат вечна светлина што не гасне.

На 16.09.2025 (вторник), во Паркот на револуцијата – Кочани, ќе се собереме сите заедно:

Во 20:00.Ќе запалиме свеќи во нивна чест.

Во 20:30 Ќе пуштиме 62 балони кон небото.

Потоа, сите заедно со светлата од нашите мобилни телефони ќе испратиме светлина кон небото – светлина за нашите 62 ангели.

Местото за палење свеќи ќе биде достапно до 24:00 часот, за секој што сака лично да оддаде почит.

Овој настан е исклучиво комеморативен и хуман – чин на љубов, почит и сеќавање. Да останеме обединети во болката, но и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нашите срца.

Да бидеме обединети во љубов и сеќавање.

Светлина за 62 ангели. – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повик од семејствата на загинатите: На 16…

На 16 септември, на денот кога се…

Во сабота наместо „Марш на ангелите“ ќе…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“…

Обвинителството поднесе обвинение против уште едно лице…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во…

Економистот Зоран Тодоров е независен кандидат за…

Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во…

Марш на ангелите: Без независен и некорумпиран…

Родителите и семејствата на денешниот 20. Марш…