Денеска се празнуваат Светите Александар, Јован и Павле
Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. Свети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците. Му беше претходник на големиот Тарасиј, а се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Светите Александар, Јован и…
Александар учествуваше на I Вселенски Собор во…
Денеска се празнува Преподобен Пимен Велики
Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче…
Денеска се празнуваат светиот маченик Адријан и…
Маж и жена, обајцата од благороден и…
Денес се празнува Преподобен Пимен Велики
Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Евтихиј
Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол.…