Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа!
Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа. Ова денеска на социјалните мрежи го објави кандидатот Трајановски.
Во продолжение неговата објава на Фејсбук.
Почитувани пријатели, другари и сограѓани на нашето Скопје,
Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.
По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти , со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови , како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.
Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град . Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град.
Нашата визија е:
Современо и одговорно Скопје
Отворен град за граѓаните
Ефикасен јавен превоз
Модерно управување со отпадот
Почит и соработка со сите општини
Решавање на реалните проблеми на сите граѓани
Заедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…