Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда за “Најпријатно аеродромско искуство во Европа”
На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина, Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024 година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“.
Оваа награда, која што е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат. За ТАВ Македонија таа е признание од патниците за квалитетот на аеродромските услуги и потврда дека посветеноста и тимската работа на аеродромскиот персонал секогаш покажуваат резултати.
“Десет пати ja добиваме ASQ-наградата од ACI World и ова признание е навистина повеќе од чест – тоа е потврда дека упорноста, посветеноста и љубовта кон нашата работа носат резултати. Ова признание е за целиот тим на аеродромот и за сите патници што секојдневно ни ја даваат својата доверба. Нашата работа продолжува – да создадеме аеродром кој поврзува, инспирира и поставува нови стандарди во квалитетот на аеродромските услуги и грижата за луѓето. Ова е само поттик да бидеме уште подобри во иднина”, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…