“СТОП ЗА ВАРДАРИШТЕ“ – Вечерва уште еден масовен протест во Аеродром!
Вечерва, шести ден по ред жителите на Аеродром протестираат против загадениот воздух и смрдеата која се шири низ повеќе Скопски општини, поради пожарот во депониите Вардариште и Дрисла.
„Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината.
Децата беа најбројни и најгласни. Гордо ги носеа транспарентите, што претходно сами ги напишаа.
„1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“, „Премиерот дише ист воздух или има друг“, се дел од транспарентите кои ги носеа децата и возрасните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…
Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…
Во белгискиот главен град Брисел е воведен…