Објавено на:

Непал ја доби првата жена премиер

t

Поранешната врховна судијка на Непал, Сушила Карки (73), денес стана премиер во привремена влада задолжена да обезбеди преоден период до изборите закажани за март 2026 година, по смртоносните немири оваа недела.

Првата жена во Непал на оваа позиција, поранешна највисока судијка, вечерва положи заклетва пред претседателот Рамчандра Паудел.

Штом Сушила Карки ја презеде функцијата, шефот на државата, по нејзина препорака, нареди распуштање на парламентот и го одреди датумот за парламентарни избори за 5 март 2026 година. Распуштањето на парламентот беше во преден план на барањата на младите демонстранти кои ги предводеа протестите.

Повеќе од 50 лица се убиени во немирите во Непал, вклучувајќи 21 демонстрант и тројца полицајци.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на главниот град претходно оваа недела во знак на протест против одлуката на владата да ги блокира повеќето платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, врз основа на тоа што компаниите не се регистрирани во Непал и се предмет на државен надзор.

Армијата ја врати контролата врз главниот град. Вооружени војници, придружени од оклопни возила и тенкови, денес продолжија да патролираат по пустите улици на Катманду.

(Видео) Хаос во Непал запалени домовите на неколку политичари: Минстрите ги бркаат по улици за да ги тепаат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непал ја доби првата жена премиер

Поранешната врховна судијка на Непал, Сушила Карки…

Захарова: Се надевам дека протестите во Непал…

Големите протести во Непал покажаа колку е…

Армијата на Непал воведе полициски час во…

Според Директоратот за односи со јавноста и…

Продолжува хаосот во Непал: Гори зградата на…

Неколку локации во главниот град на Непал,…

Протест на „Генерација Z“ во Непал –…

Десетици илјади демонстранти денес излегоа на улиците…