Уапсени пет лица во тетовско и гостиварско, кај нив пронајдена дрога

t

Лишени се од слобода пет лица од тетовско и гостиварско, кај нив се пронајдени марихуана и кокаин, информираа од полицијата. 

Изминатата ноќ во 02:25 часот на улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(20) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Половина час по полноќ на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Н.(34) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Во исто време во село Калник, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода од Е.Р.(20) од с.Јеловјане зато што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

На 12.09.2025 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.И.(32) и А.У.(31), двајцата од с.Теново, тетовско, затоа што кај нив е пронајден и одземен кокаин.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени пет лица во тетовско и гостиварско,…

Лишени се од слобода пет лица од…

Самка Ибраимоски е кандидат за градоначалник на…

Поранешниот заменик министер и пратеник, Самка Ибраимоски,…

Лишени од слобода напаѓачите на двајца малолетници…

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти…

Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…

Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…