(Во живо) Додека Скопје се соочува со најголемата еколошка катастрофа во историјата, министерот за животна средина тера кампања

t

Во скопското село Трубарево попладнево избувна голем пожар проследен со серија експлозии, откако се запалиле литиумски батерии и електричен отпад во два погони на фирмата „Ф – ГРУПАЦИЈА“.

Темниот облак од пожарот во Трубарево се рашири над главниот град Скопје. Ветерот го насочи кон запад, па облакот се надвисна и над зградата на Владата. Миризбата на изгорено се чувствува насекаде, велат скопјани. Засега нема официјални информации за тоа што гори, и дали облакот со себе носи опасни материи.

Во исто време додека Скопје се соочува со една од најголемите еколошки катастрофи во својата историја, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити тера кампања за локалните избори.

На терен интервенираат два полициски хеликоптери и авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а пламенот и густите облаци чад се видливи од речиси сите делови на Скопје.

Согорувањето на батериите е причина за гласните експлозии кои постојано одекнуваат и предизвикуваат вознемиреност кај жителите во околината. Засега нема информации за повредени лица.

Екипите на Противпожарната бригада, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување остануваат на терен сè додека пожарот не биде ставен под контрола.

 

Линк од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат…

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните…

Студент по медицина со просек 10 го…

Младиот човек тврди дека нема криминално досие,…

Меланија Трамп издејствува прекин на огнот меѓу…

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд…

Нафтата се приближува до 117 долари: Силен…

Цените на нафтата продолжуваат нагло да растат,…