ДУИ: Изет Меџити не знае за одговорност, знае само за личен интерес

t

Додека воздухот во Скопје синоќа мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел.

Во време кога Скопје мирисаше на изгорена пластика, батерии и електронски отпад, кога граѓаните стравуваа за своето здравје, на Изет Меџити му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува.

Го прашуваме: зошто избегавте од вонредната прес-конференција додека луѓето од Трубарево се евакуираа доцна во ноќта? Имате ли грам одговорност за позицијата што ви е доверена?
Но, граѓаните не треба да бидат изненадени од ваквото однесување.

Меџити 20 години во Чаир имаше само лични интереси, а никогаш вистинска грижа за потребите на граѓаните.

Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси.

Со луѓето се среќаваше само пред избори.
Затоа Чаир денес изгледа вака, запуштен, небезбеден и заборавен.

На 19 октомври, чаирчани ќе го поразат Изет Меџити, затоа што е време политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…

ДУИ две години молчеше, а денес, кога…

ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…

ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…

Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…

Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…

Демократската унија за интеграција на изборите за…

ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…

Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…