Уметникот Кардула: Џабе ви се пари, тендери, функции, удирање во гради колку сте патриоти, кога и вие и вашите деца дишете отров!

t

Уметникот Зоран Кардула се огласи со Фејсбук статус по состојбата со пожарите во Скопје и за состојбата со загадувањето кое тие го причинуваат. Вели дека токму низ личен пример посочува колку е страшно и опасно она што го дишеме, а подоцна и јадеме.

„Во 2009 година правевме анализи во САД и резултатите кои ги добивме беа страшни. На Ерато тогаш на 3 години и пронајдоа 22 пати повеќе олово од дозволеното. Најстрашно беше дека според нив тоа олово е внесено преку дишење. После тоа следеа 4 години многу ама многу тежок период и за Ерато и за нас. Правевме детоксификација, ригорозна диета без глутен, без казаин, без шеќери плус 2 месеци хипербарна комора два пати на ден по сат време и после 4 години успеавме да го доведеме оловото до прифатливи вредности за некој кој живее во урбана средина, но штетата веќе ја имаше направено. Се надевам никогаш нема да имате прилика такви резултати да прочитате за вашите деца, но како и со кое темпо тераме и колку од тогаш е позагадено веројатноста е мала за тоа“, пишува Кардула.

Затоа размислете малку, вели тој во објавата, џабе ви се сите пари, тендери, функции удирање во гради колку сте патриоти, кога и вие и вашите деца  дишете отров!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уметникот Кардула: Џабе ви се пари, тендери,…

Уметникот Зоран Кардула се огласи со Фејсбук…

Загаденоста не е на ниво да не…

Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица…

Граѓански протест против загадувањето и во Драчево

Веќе со недели скопјани не можат да…

Три градови во Македонија се екстремно загадени…

Дождот, снегот и ветрот генерално го исчистија…

Алармантна загаденост во неколку градови во Македонија

Вечерва, во неколку градови во државата е…