Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

t

Москва: Руската служба за надворешно разузнавање -СВР, објави дека протестите во Србија во голема мера се поврзани со субверзивните активности на Европската Унија чија цел е да донесе на власт во оваа земја, како што наведува, „раководство лојално на Брисел“.

Европската Унија го подготвува „српскиот Мајдан“… Според информациите добиени од Руската служба за надворешно разузнавање, сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во многу погледи производ на субверзивните активности на Европската Унија и нејзините земји членки“, се наведува во соопштението што денес го пренесоа новинските агенции.

СВР наведува дека „целта на европскиот либерален мејнстрим е да донесе на власт во оваа најголема балканска земја раководство кое е послушно и лојално на Брисел“.

Терминот „Мајдан“ во Украина се користи за да се опишат масовните демонстрации во таа земја, кои започнаа на 21 ноември 2013 година, откако тамошната влада, која беше избрана по парламентарните избори во 2012 година, одби да потпише договор за поблиска интеграција на Украина со Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски со шокантни бројќи : Околу 1.000…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

УНДП предупредува на „домино-ефект“: Енергијата, долгот и…

Земјите во развој се соочуваат со истовремен…

Пожар на Шар Планина

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на…

Симеон Втори објасни зошто не присуствувал на…

Цар Симеон II објасни зошто не присуствувал…

Пожар во стан кај Клинички центар –…

МВР информира дека вчера попладне во 16:20…