Киднапирање во Штип: И жртвата и напаѓачката се полицајки!
Објавени се деталите за случајот со киднапирање што се случи неодамна во Штип, каде што киднапираната девојка и киднаперката се полицајки, вработени во МВР.
Девојката (21) од Штип, со иницијали М.С., работи во СВР Штип, додека киднаперката, Ј.Н. (28) од Кочани, е вработена во Полициската станица Кочани. Според информациите, Ј.Н., заедно со уште едно лице, ја грабнала М.С., ја однеле во населба во Штип, употребиле физичка сила и снимиле дел од настанот.
На 14 септември 2025 година во 07:50 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н. и ја приведале за понатамошни мерки. Министерството за внатрешни работи соопштува дека случајот ќе биде документиран и ќе се поднесе соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Киднапирање во Штип: И жртвата и напаѓачката…
Објавени се деталите за случајот со киднапирање…
Автомобил без возач прегазил штипјанка, со скршеница…
Четириест и осумгодишна жена е повредена на…
Се брзал за на настан: Возачот на…
Возачот на министерот за култура, Зоран Љутков,…
Активен е пожарот на депонијата во Штип
На ден 05.09.2025 година, до 18:00 часот,…
(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…