Полицајка тепала помлада колешка во Штип, малтретирањето го снимила
Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела во штипска, каде ја малтретирала и го снимила целиот инцидентот, соопшти МВР.
Киднапираната е 21-годишна штипјанка, вработена во СВР Штип со иницијали М.С., која била грабната од нејзина колешка,Ј.Н., со помош на уште една жена. Тие со автомобил ја одвеле младата полицајка во штипска населба, ја тепале и го снимиле целиот инцидент.
Според информациите од МВР, на 28-годишната полицајка-киднаперка, која е од Кочани, била уапсена вчераутро во градот.
Локалните медиуми неофицијално објавија дека причината за грабнувањето и малтретирањето биле љубовни несогласувања.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајка тепала помлада колешка во Штип, малтретирањето…
Вистинска полициска драма се случувала во Кочани…
Киднапирање во Штип: И жртвата и напаѓачката…
Објавени се деталите за случајот со киднапирање…
Автомобил без возач прегазил штипјанка, со скршеница…
Четириест и осумгодишна жена е повредена на…
Се брзал за на настан: Возачот на…
Возачот на министерот за култура, Зоран Љутков,…
Активен е пожарот на депонијата во Штип
На ден 05.09.2025 година, до 18:00 часот,…