Тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија – Активен е пожарот на Кожуф, под контрола Дрисла и Трубарево
На ден 15/16.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
ИЗГАСНАТИ: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).
Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.
БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
Регистрирани 27 пожари: Активни шест, еден под…
На територија на државата активни се шест…
Избувнаа уште четири пожари кај Задар
Надлежните служби соопштија дека пожарникарите во текот…
„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер,…
Состојбата со пожари на отворен простор денеска…