Левица: Институционален несупех што убива, а можеше да се спречи – уште еден фемицид во Велес

t

Деновиве сведочиме за грозоморен акт при кој уште една жена го загуби животот заедно со својот татко, избодени до смрт од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа си го одзеде животот. Ова не е трагедија што доаѓа ненадејно, туку фемицид кој системот имаше можност да го спречи, но повторно не го стори тоа! – стои во фејсбук објавата на партијата Левица

Левица веќе алармираше дека е неопходна измена на Кривичниот законик со која телесната повреда при семејното насилство и насилството врз жени ќе се гони по службена должност, а не исклучиво по предлог на жртвата. Пратениците од Левица поднесоа законски измени во таа насока, но владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, овој предлог го одби само поради ароганција.

Дополнително, неопходно е итно отворање на државни безбедни засолништа за жртви на насилство, кои имаат капацитет да понудат трајна и сеопфатна поддршка – правна, психолошка и економска, бидејќи жената не смее да биде оставена сама во борбата со насилникот.

Министерството за внатрешни работи со години демонстрира неспособност и тенденција да не ги сфаќа сериозно поплаките на жените. Жртвите на семејно насилство редовно пријавуваат закани, насилство и прогон, а институциите или воопшто не реагираат, или реагираат доцна и половично. Оваа практика испраќа јасна порака дека државата не ја гледа безбедноста на жените како приоритет.

Со ова што се случува, се повторува истиот образец што го видовме и со други колективни катастрофи – институциите постојат само на хартија. На терен нема превенција, координација и одговорност. Фемицидите, коишто веќе станаа нормалност во Македонија, не се приватна драма, туку политички неуспех!

Секое следно убиство ќе биде сведоштво дека институциите не пропуштилe еднаш, туку дека нивната нефункционалност е СИСТЕМСКО ПРАВИЛО! Покрај алармантната ситуација со жртвите на семејно насилство, државата нема донесено никаква стратегија за спречување и заштита од насилство!- додаваат од Левица

Нови детали од ОЈО: Убиецот имал забрана за приближување до жртвата – МВР три месеци обезбедува видео-материјали, ОЈО не барало построги мерки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Институционален несупех што убива, а можеше…

Деновиве сведочиме за грозоморен акт при кој…

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“…

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на…

Левица: На ДПМНЕ и Мицкоски им порачуваме…

Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави…

Нови детали од ОЈО: Убиецот имал забрана…

Основното јавно обвинителство Велес денеска со соопштение…

Мојсоска: ДПМНЕ коленичи со 58 пратеници, Мицкоски…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица…