Србија и Русија започнаа конкретни преговори за изградба на нуклеарна централа
Руската државна корпорација Росатом и српските власти започнаа конкретни преговори за проектот за изградба на нуклеарна централа, изјави за руските медиуми српскиот амбасадор во Русија Момчило Бабиќ.
„Сериозно разговараме за ова со Росатом. Верувам дека нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарна централа. Уверен сум дека ќе се постигне напредок во наредните години, бидејќи ни е потребна електрична енергија. Ќе го направиме тоа во секој случај“, нагласи амбасадорот.
Во ноември 2024 година, српскиот парламент ја укина забраната за изградба на нуклеарни централи, која беше на сила од 1989 година по катастрофата во Чернобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија и Русија започнаа конкретни преговори за…
Руската државна корпорација Росатом и српските власти…
ЕК: Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат…
„Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат протести…
Москва: Прерано е да се отстранат САД…
Во моментов нема основа да се зборува…
Путин ги посети воените вежби „Запад 2025“
Рускиот претседател Владимир Путин го посети полигонот…
Американскиот министер за финансии има решение за…
Конфликтот во Украина би можел да заврши…