СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ
Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста. – стои во соопштението на СДСМ.
Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики – се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви.
Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“. Имено, веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути.
Прашувме, дали ова не е доказ дека истата е направена за нивните морбидни ПР потреби? Пред прес-конференцијата, вебстранцата не постоеше, ниту пак некој ја имаше видено.
Оттука, бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за искажаните лаги и обидот за манипулации, бараме од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата. СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања. СДСМ бара итно извинување од ВМРО-ДПМНЕ во спротив ќе поднесе тужба за клевета.
Апелираме до Мицкоски и ДПМНЕ да ги остават да почиваат во мир жртвите од Кочани. Апелираме до Мицкоски да престане со овој морбиден ПР кој ги вознемирува семејствата на загинатите и повредените. – додаваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР откри интернет измама со стотици оштетени…
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…
Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance:…
Се сомнева дека Северна Кореја стои зад…
Вучиќ на „Информер“: Ако штрајкувам со глад,…
Александар Вучиќ во гостување на „Информер ТВ“…
ДИК: 107 болни или немоќни и 9…
Вкупно 107 болни или немоќни лица и…
АЛТА банка АД Битола е ликвидна и…
Во контекст на најновите случувања поврзани со…