Тошковски се премисли: Факт е дека има хибридни напади во Македонија – никогаш не сум го демантирал Премиерот
Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади изјави вечерва министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за тв Сител во „Тема на денот“, откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека не напаѓаат домашни и странски центри.
Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии,складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“
. Не сум имал несогласување со премиерот за „хибридни напади“ како што медиумите известуваа. Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги има од која земја се Тошковски одговори дека не би можел во интерес на истрагата да коментира.
Откако на повеќе прашања остана со одговор „во интерес на страгата“ не би можел да одговорам Тошковски рече дека сега е воздржан но јавноста на крај ке ја дознаела вистината кои се тие центри не отфрлајки дека нападите се од политички мотиви.
Тошковски рече дека тој говори само за факти, а неколку од неговите факти се дека не е случајност на неколку места во ист ден да има ризични пожари и во исто време да горат 3 депонии и фабрика за рециклирање на електронски отпад. Механизацијата на една од овие точки во тој момент не работела, а оние кои требало да опсервираат од некоја причина не биле на работа, столбовите на кои имало средства за набљудување биле случајно „бутнати“…
Тој додаде дека ова се премногу случајности за да бидеме убедени дека сето ова не е со намера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски се премисли: Факт е дека има…
Не е точно дека не сум се…
Четири пожари се активни до седум часот…
На ден 16/17.09.2025 година, до 07:00 часот,…
ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор…
На ден 16.09.2025 година, до 20:00 часот…
Тежок пожар во сервис за возила пред…
На ден 15/16.09.2025 година, до 07:00 часот,…
Пожарот во Трубарево целосно изгаснат, а ситуацијата…
Пожарот кој деновиве гореше на депонијата во…