(Видео) Дали Тошковски призна дека ја вработиле сестрата на полицаецот загинат во Пулс со цел семејството да не бара оставка?
По вчерашното видео кое го објави Инфомакс, каде што сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип во трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 62 лица, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во денешното гостување на Тв Сител одговори на новинарско прашање дали имало поткуп и дали е точно дека сестрата на полицаецот била вработена за семејството да не бара оставка од министерот.
Според тврдењето на сопругата, сестрата на полицаецот била вработена на негово место, за семејството да не бара оставка од министерот, а тој во вечерашното интервју не го негираше тоа тврдење.
Исто така според неофицијални информации таа е вработена во Крим Техника во Полициска Станица Пробиштип.
Тошковски рече дека не знае како да одговори на ова и ако се мисли на тоа дека вработните во МВР се солидализирале и донирале на сметката која ја оставило семејството, тогаш тој се согласува дека имало поткуп.
Исто така изјави дека не е во ред маката и солзите на луѓето да бидат искористувани од „таканаречени медиуми“ во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…