Мојсоска: Епа честитки, режимот на ДПМНЕ официјално потврди дека неовластено се следи опозицијата!
*Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована Мојсоска
Бројлеров на Кондрад Аденауер – Валентин Манасиевски денес излегол на прес во очај да ја скандализира ПЛАТАТА која сум ја добивала како вработена за вршење сметководство на Левица! Манасиевски, инаку е вработен во кабинетот на Муцунски и во работно време држи очајни пресови против Левица, ама тоа не е ни тема.
За разлика од ДПМНЕ, кое има над 20 вработени на плата само за да штанцаат ботовски коментари, Левица имаше ЕДНО вработено лице и тоа бев јас. И можам да им се понудам на Белата палата да им го работам сметководсвото (за нешо над минимална плата), затоа што сите ревизорски извештаи за финансиите на Левица се ЦЕЛОСНО УСОГЛАСЕНИ со законската регулатива.
Баш заради ваквите паразити што цицаат плата од десет места, кога аплицирав за работа со 9.4 просек во нивното време на мијалковизмот, не ни бев викната на интервју – пошо за мене немаше место во нивните партизирани институции.
И најбитното, ова е ПРЕСЕДАН каде се врши неовластен упад во лични сметки, без индиции за сторено кривично дело! Додека Мицко плаче дека бил следен, неговите контиња мавтаат со податоци за лични трансакции, кои ги добиле незаконски и неовластено и кои можат да се добијат само доколку јас сум била под посебни-истражни мерки за следење (доколку има индиции за сторено кривично дело)!
Јавно го повикувам Мицкоски и неговиот “другар од УЈП” , како што се следат личните трансакции на пратеници на Левица, наредно да ги објават приливите на ЛИЧНАТА СМЕТКА НА ЗАЕВИ. Ако смеат нормално. Во нормална држава, власта да излегува со податоци добиени од следење на опозиција каде нема кривично дело, тоа ќе беше скандал. Ама вмроидното владеење изгради менталитет на ширење страв, закани, уцени и најропачки манипулации и затоа денес имаме режим кој на пресови се фали дека се следи опозиција.
П.С. Не бараме милост од вас, ниту ќе добиете милост кога ќе дојде нашето време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Епа честитки, режимот на ДПМНЕ официјално…
*Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована…
Левица: Мицкоски му налага на членството да…
Се чини дека најголем поборник за Биљал…
Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно…
Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла,…
Со поддршка на необалистот Касами ДПМНЕ ги…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Левица: Институционален несупех што убива, а можеше…
Деновиве сведочиме за грозоморен акт при кој…