Ивановска: Убијците на Росица и татко ѝ се викаат неодговорност и корупција

t

Убијците на Росица и на татко ѝ имаат име и презиме – a тоа се неодговорност и корупција. Ова го истакна поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна кандидатка за градоначалничка на скопски Центар, Билјана Ивановска, коментирајќи го случајот од понеделникот кога беа убиени 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на поранешниот партнер на жената.

Доколку се води професионално, вели Ивановска, истрагата треба да покаже кој од овие два фактори преовладал или дали двата довеле до ситуацијата која резултираше со двојното убиство.

„Корупцијата кај нас е распространета во сите пори во општеството, а државата треба да преземе мерки да се раскинат тие заднинско-политички мрежи коишто придонесуваат корупцијата да биде во постојан пораст. За тоа е потребна волја и тоа не само политичка, туку многу повеќе и граѓанска волја. Нашите заложби се насочени кон тоа да дејствуваме во насока на надминување на слабостите коишто придонесуваат да имаме високо ниво на корупција во државата. Пред сѐ, мислам на подигнување на нивото на свеста и на интегритетот на граѓаните“, изјави Ивановска.

Поранешната прва антикорупционерка посочи дека крајно време е институциите да профункционираат професионално со сите потребни услови за работа и да не бидат заложници на партиско-политичките влијанија.

Во однос на случајот со Росица и нејзиниот татко, Ивановска рече дека очекува внатрешните контроли во институциите кои се вклучени во процесот да излезат и да кажат каде потклекнале, и со име и презиме да ги кажат одговорните кои придонеле да дојде до трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…