Цени на станови: Скопски Центар до 2.700 евра, во Струмица и за 320 евра за квадрат

t

Најскапиот стан продаден во државата во периодот од 1 април до 30 јуни е во скопската општина Центар. Метар квадратен за овој стан чини над 2.700 евра (166,563 денари). За 96 метри квадратни наплатени се 260.000 евра.

Конечно, Агенцијата за катастар на недвижности го објави регистарот на цени и закупи за вториот квартал од оваа година. Овој регистар се објавуваше редовно, на квартална основа до 2020 година.

Според податоците од регистарот за вториот квартал од оваа година, најевтин метар квадратен е продаден во Струмица – 320 евра односно 19.682 денари.

Просечната цена на метар квадратен е највисока во Центар и изнесува 100,044 денари или над 1600 евра. Во Струмица каде се продаваат најевтините квадрати, просечната цена е за 1000 евра пониска отколку во Центар.

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови отколку во првиот квартал – реализирани се купопродажни договори за 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава.

Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности.

Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупнини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…