СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата
Мицкоски ли најде да зборува за департизација на администрацијата? Па токму тој и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за партизација на институциите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само во првите 15 месеци спроведоа системско уништување на државните институции преку нивна брутална партизација, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
На сите им е јасно како оди вработувањето во администрацијата – не е важна дипломата, не е важна стручноста, единствено важно е да имаш партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ.
Секоја позиција се партизира. Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема институција која не е подложена на груба партизација, а тоа особено се засили во последниот период – токму пред претстојните локални избори.
Преку 700 огласи за вработување се распишаа леотово за вдомување и зголемување на партиската војска на ВМРО ДПМНЕ . МНАВ, Министерството за одбрана и уште десетина институции беа предмет на вработување на исклучиво партиски подобни лица.
Бројни примери за роднински и партиски вдомувања за кои нема крај. Семејството Андоновски е само еден во морето примери за партиско роднинските кадри вдомени на грбот на народот.
Таткото на Андоновски, Љупчо е советник, неговиот брат Игор е началник, додека Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.
Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.
Затоа, е Мицкоски последниот што може да зборува за „ефикасен јавен сектор“ и „департизација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…