Рама: Бевме Северна Кореја во Европа, другите отвораа граници, ние останавме во бункери, но не се откажавме од ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама во говорот пред студентите на Колеџот на Европа во Бриж, изјави дека „Албанија за време на комунистичкиот период, била Северна Кореја во центарот на Европа“. Тој додаде дека земјата се подготвува да се приклучи на ЕУ и ги повика студентите да го унапредат европскиот дух.
„Се надевам дека пред секое понатамошно стекнато знаење, ќе го унапредите европскиот дух. Колку е лесно овој дух да биде поткопан, особено во моменти на криза. Колку е кревка слободата. Јас сум роден, израснат и живеев половина од мојот живот, изолиран од Истокот и Западот. Бевме Северна Кореја во центарот на Европа. Европа беше соѕвездие, црно-бел сон“, истакна Рама.
Тој нагласи дека Албанија и во 1989 година била подеднакво изолирана и од Западот и од Истокот.
„Другите ги отворија границите, ние останавме во нашите бункери. Транзицијата што дојде беше хаотична, па дури и трагична. Демократијата, институциите, владеењето на правото бараат децении. ЕУ не е само унија на економии, туку најсофистицирана машина за трансфер на знаење. Мора да останеме со ЕУ. Не се откажавме“, посочи албанскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…
Иран соопшти дека нема да ја отвори…
Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…