Аеродроци бараат 24-часовен видео надзор во Вардариште и обезбедување

t

Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“.

„Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој ден од 18 часот, се додека надлежните не започнат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите.

Жителите на Аеродром и околните населби се гневни, особено по пожарот на Вардариште, кој со денови ги труеше. Од тогаш и Дрисла се запали, а потоа и пожарот во погонот за електронски отпад во Трубарево.

Властите презедоа ситни мерки, како поставено обезбедување на Вардариште и поголема контрола на Дрисла, но аеродромци бараат поголема ефикасност на властите и тоа пред избори.

На секојдневните протести има возрасни, стари и деца. Сите со една порака – заслужуваме чист воздух!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродроци бараат 24-часовен видео надзор во Вардариште…

Видео надзор во Вардариште и 24 часовно…

Поднесена кривична пријава за загрозување на животната…

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно…

Мицкоски: Има центри на моќ кои кои…

Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да…

Битиќи: Власта создава општество на омраза и…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, жестоко ја…

Нов протест на аеродромци – „вака ли…

Видео надзор во Вардариште и 24 часовно…