„Стоп за Вардариште“ со нови барања до надлежните, ако не се реагира ќе ги прошират блокадите
Граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште го засилува притисокот врз институциите. Денеска повторно се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ и доставија нови, проширени барања до надлежните.
Брањата кои ги имаат доставено до сите релевантни институции се:
– Воспоставување на 24 часовен видое надзор на депонијата Вардариште;
-24 часовно физичко обезбедување на Вардариште;
-Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат на депонијата;
-Поставување на ограда околу Вардариште;
-Започнување процес за затворање на Вардариште;
-Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите;
-Ригорозни казни за они кои ќе продолжат да фрлаат отпад на Вардариште.
Граѓанската иницијатива изминативе две недели организраа протести и блокади за да укажат на сериозното загадување и труење на граѓаните од депонијата Вардариште.
За досега доставените барања немаат добиено никаков одговор од надлежните, па затоа се одлучиле освен блокадата на мостот „Близнак“ во Аеродром, ако не се исполнат барањата, да ги интензивиираат протестите и на останати места низ градот.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов пред десетина дена изјави дека на терен веќе има агенција за обезбедување која има за цел да спречи лица да влезат на депонијата и да спречи можни обиди за намерно потпалување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Стоп за Вардариште“ со нови барања до…
Граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште го засилува…
Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно…
Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла,…
Народниот правобранител: Решенија за достоинствено домување –…
Народниот правобранител побара институциите да се откажат…
Левица: Лажните ветувања за Вардариште се повторуваат…
Левица – Гази Баба испратија сооптение со…
“СТОП ЗА ВАРДАРИШТЕ“ – Вечерва уште еден…
Вечерва, шести ден по ред жителите на…