Вучиќ: Воениот сојуз Приштина-Тирана-Загреб е направен поради Србија
Србија денеска ја одржа една од најголемите воени паради во изминатите години среде антивладините протести, политичките поделби и регионалните тензии. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека парадата не се организира за дневно политичките потреби, туку заради покажување сила за одвраќање на потенцијалните агресори.
„Ова е гордост на Србија. Сакаме да покажаме што сме работеле и да им одговориме на потенцијалните агресори. Да не бидеме наивни: воениот сојуз Приштина-Тирана-Загреб не е направен поради Австрија, Грција, Словенија или Романија, туку поради Србија. Денес никој на светот не може да ја прегази Србија. Да немавме вака силна војска, ќе нѐ згазеа“, кажа Вучиќ во пресрет на парадата.
Организацијата на парадата ја спроведоа Министерството за внатрешни работи и Жандармеријата под команда на директорот на полицијата Драган Васиљевиќ и министерот Ивица Дачиќ, а пред сè со поддршка на претседателот Александар Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…
Иран соопшти дека нема да ја отвори…
Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…