Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври за да разговараат за колективен одговор на „новите руски воени провокации“, вклучувајќи го и влегувањето на три руски воени авиони во естонскиот воздушен простор.
Нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на три руски воени авиони е уште една неприфатлива провокација – изјави Кошта на X.
Како што истакна тој, ова уште еднаш ја нагласува итната потреба од зајакнување на источното крило на НАТО, продлабочување на европската одбранбена соработка и интензивирање на притисокот врз Русија.
– Ќе го разгледаме нашиот колективен одговор на постапките на Русија на неформалниот состанок на Европскиот совет во Копенхаген на 1 октомври – додаде Кошта.
Како што претходно објави порталот Err.ee, три руски борбени авиони МИГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло без дозвола и останале во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…