Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Работник бил повреден во фабрика во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Оттаму појаснија дека вчера во 10:50 часот во ОВР Кавадарци било пријавeно дека во ЈЗУ Општа болница, бил донесен М.Р. (45) од овој град, кој, според пријавеното, се здобил со повреда при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Известен бил трудов инспектор.
Како што претходно известија од СВР Велес, во четвртокот исто така кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот. Тогаш појаснија дека на 18 овој месец, во 14 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. За настанот, известен бил јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
(Видео) Ужасна експлозија во фабрика во Вашингтон:…
Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…