СДСМ: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

t

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта. После месец дена од почетокот на откупот над 20 милиони килограми грозје стојат неоткупени. Лозарите се оставени сами, без поддршка од власта, во исчекување дали родот ќе им биде откупен. – рече во денешната прес – конференција  Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Ако оваа количина не се откупи во следните неколку дена, грозјето ќе изгуби на квалитет, ќе изгуби во тежина, и дали е тоа целта на Владата на ВМРО ДПМНЕ да грозјето под изговор дека е неквалитетно и како такво биде собрано по многу пониска цена.
Затоа и Јавно прашуваме дали е ова играта која ја води ВМРО ДПМНЕ.

Владата на ВМРО ДПМНЕ не ги заштити лозарите. Ги оставија на цедило, дозволија винариите да манипулираат и со цените и со откупот на грозјето..

Деновиве повоторно ветува дека „сѐ ќе било откупено“. Но реалноста на терен е сосема поинаква – откупот се одвива забавено, без јасна стратегија и без одговорност.

Манипулациите на власта одат до таму што сега на крај од бербата и откупот најавуваат дека наводно винаријата „ Вардар “ ќе го откупела вишокот грозје – над 20 милиони килограми. Дали владата знае дека оваа винарија последен пат откупувала во 2020 година, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми и дали воопшто е познато финансиското портфлио на оваа винарија?

Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе на терен меѓу вистинските лозари да ги погледне лозарите в очи, и да понуди реално решение за откуп на грозјето.

На лозарите не им треба нов Свед Милк, ново Повардарие, потребна им е вистинска поддршка и конкретни решенија.

Почитувани ,

Оваа влада покажа целосна незаинтересираност за една значајна земјоделска и извозна гранка како што е лозасртвото од која егзистираат над 11.000 лозарски семејства.

Владејачкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ застанаа против лозарите и не го поддржа предлог законот на СДСМ за дополнителна финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена.

СДСМ ќе продолжи да се бори за нивните права, за фер услови и поддршка за секој лозар. – додаде Димковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје…

Бербата на винското грозје е при крај…

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе…

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе…

Махмуд Абас: Признавањето на палестинската држава е…

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, смета…

Tрамп: Ќе ги бранам Полска и балтичките…

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе…

ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска…