Семејствата на загинатите во Кочани по концертот во Штип: Кочанчани, патувавте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу?
Здружението на граѓани „16 март 2025“ преку објава на социјалните мрежи упати aпел до сите сограѓани на Кочани да им се придружат на следниот „Марш за ангелите“.
Реакцијата доаѓа откако во Штио со настапот на пејачот Дино Мерлин на штипската „Пастрмајлијада“ се собраа 100 до 130.000 луѓе, а семејствата на загинатите направија споредба со бројот на луѓе кои доаѓаат на маршевите.
Во продолжение нивната објава:
„Кочани: ЕДИНСТВО ШТО ИНСПИРИРА
Синоќа скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт.
А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин.
Респект за гестот, респект за одзивот!
А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу?
Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град.
Наши сограѓани, родители – ве очекуваме на следниот марш.
Не за концерт, не за медиуми, туку за човечка почит. За вистинска правда за вашите другари, пријатели, братучеди, внуци, сограѓани.
Кочани знае и умее да се сплоти кога е најпотребно.
Да застанеме заедно, да се потсетиме, да се поклониме пред оние што повеќе не се со нас – нашите ангели.
За 62 светлосни траги кои ја оставија младоста на овој град, за секоја насмевка која ќе недостасува, за секој срцев удар на сеќавањето – да покажеме дека споменот живее и дека љубовта и почитта остануваат засекогаш“, стои во објавата на здружението на граѓани „16 март 2025“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани по концертот…
Здружението на граѓани „16 март 2025“ преку…
Во Штип вчера имало над 100.000 на…
Во Штип вчера имало над 100.000 посетители…
(Видео) Штип како депонија ден по Пастрмајлијадата
Штип изгледа како депонија ден по Пастрмајлијадата.…
Претреси во Штип, пронајдена е дрога
Претреси во Штип, пронајдена дрога, лишени од…
„Ѕвездено небо“ вечерва во Кочани, Штип и…
Вечерва во Кочани, Штип и Скопје се…