Условна казна од 2 години за Пешевска која призна вина во случајот „Онкологија“

t

Условна казна за онкологот Мери Пешевска, досуди Кривичниот суд. Пешевска претходно призна вина. Заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти.

„Судот на обвинетата ѝ изрекува алтернативна мерка-условна осуда, така што на обвинетата Мери Пешевска ѝ утврдува казна затвор во траење од две години, истовремено определува дека истата нема да се изврши, ако обвинетата за време од пет години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, стои во пресудата.

Таа се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен директор на Онкологија не се чувствува…

Обвинетиот Никола Васев на денешното судско рочиште…

„Фокус“: Продолжува хаосот на скопска Онкологија, се…

Никако да се среди гужвата на Онкологија,…

Онколошките пациенти од август таблетарната терапија ќе…

Онколошките пациенти од сите градови во државата…

Обвинителство: Вештачењето покажа несоодветно лекување на пациентите…

Пациенти биле несоодветно лекувани на скопската Клиника…

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…